
Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан Марино, откако во три сета го совлада (2-1) Италијанецот Франческо Форти во второто квалификациско коло.
Ивановски ја загуби првата етапа во тај-брејк со 7-4, но потоа ја подигна играта на повисоко ниво. Со брејк во деветтиот гем од вториот сет го презеде водството и со сигурен сервис го израмни резултатот на 1-1 во сетови (6-4).
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Одлучувачкиот трет сет беше исполнет со неизвесност и борба за секој поен. Ивановски прв стигна до брејк во седмиот гем за водство од 4-3, по што ја задржа концентрацијата и со одличен сервис се одлепи на 5-3. Иако не ги искористи двете брејк и меч-топки при следниот сервис на противникот, Ивановски не дозволи изненадување и на својот сервис го комплетираше триумфот со нов 6-4.
Со оваа победа, младиот македонски тенисер продолжува со одличните настапи и ќе има шанса да се докаже и на главната сцена во Сан Марино.