Дома Фудбал Итен состанок во Мадрид: Алонсо даде „забрана“ за продажба на еден фудбалер

Итен состанок во Мадрид: Алонсо даде „забрана“ за продажба на еден фудбалер

Откако Реал Мадрид го официјализираше трансферот на Алваро Карерас, се шпекулираше дека можат да продадат некој од левите бекови што моментално ги имаат во тимот, но Чаби Алонсо испрати јасна порака за тоа кој играч во ниеден случај не смее да биде ставен на продажба.

Светското клупско првенство на кое Реал Мадрид испадна во полуфиналето му помогна на Чаби Алонсо да види на кои позиции му се потребни засилувања пред почетокот на новата сезона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во Реал одлучија да го стават фокусот на одбраната каде веќе ги засилија сите позиции. На местото на десен бек стигна Трент Александер-Арнолд, а во средината на одбраната Реал реши да го донесе Дин Хујсен.

Што се однесува на позицијата лев бек, која беше најголем проблем минатата сезона, Реал во клубот го врати Алваро Карерас, кој имаше одлична сезона во Бенфика.

На таа позиција на Светското клупско првенство играше Фран Гарсија и ги исполни очекувањата, но почна да се шпекулира дека тој и Ферланд Менди летово може да го напуштат кралскиот клуб.

Неколку клубови веќе покажаа интерес за Гарсија, а најмногу се заинтересираше Милан кој на инсистирање на Лука Модриќ се обиде да го донесе овој играч.

Меѓутоа, веднаш реагираше Алонсо кој оствари итен разговор со Флорентино Перез за да му каже дека Гарсија воопшто не смее да биде на продажба.

„Тој не смее да биде на продажба, сериозно сметам на него“, му порача Алонсо на Перез, пренесува мадридскиот AS.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…