Дома Фудбал Италијанците најавуваат сензација: Ќе го видиме ли најголемото враќање во Милан?!

Италијанците најавуваат сензација: Ќе го видиме ли најголемото враќање во Милан?!

Италијанскиот фудбал може да биде сведок на вистинска сензација.

Андријано Галијани, легендарниот фудбалски работник познат по својата успешна кариера во Милан, би можел повторно да се врати во клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред некое време, биле одржани разговори меѓу Галијани и актуелниот сопственик Кардинале, кој сака тој повторно да биде дел од тимот, сега како „супер-консултант“.

Условите за негово враќање се веќе поставени, потребно е Галијани да ја заврши продажбата на Монца, откако оваа трансакција беше договорена пред извесно време.

Навивачите на Милан со нетрпение очекуваат на оваа можност, верувајќи дека неговото враќање може да влијае позитивно на „политичката тежина“ на клубот во фудбалските институции и во трансфер стратегијата.

Во случај да се реализира овој план, Галијани нема да заземе ничие место. Паоло Скарони ќе остане претседател, а Џорџо Фурлани ќе продолжи како извршен директор. Сепак, ќе се создаде посебна, лична функција за него – некаков вид супер-консултант, кој можеби ќе биде поврзан, како и Златан Ибрахимовиќ, директно со фондот „RedBird“, но не формално со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скромноста на дело: Модриќ заработи милиони во кариерата, а на собирот на репрезентацијата пристигна со нискобуџетен лет

Фантастичниот играч од средината, капитен на Хрватска и ѕвезда на Милан, Лука Модриќ, заед…