Дома Фудбал Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите” загубија од Босна и Херцеговина по пенали. Натпреварот заврши 1:1 по регуларното време и продолженијата. Мојс Кин го отвори резултатот во 15-тата минута, а Харис Табаковиќ израмни во 79-тата минута.

Натпреварот се одигра во одлична атмосфера на стадионот “Билино Полје” во Зеница. Околните згради изгледаа како да се запалени од многуте факли. Меѓу гледачите на трибините беа и тениската легенда Новак Џоковиќ и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот заврши 1:1 во регуларното време и се стигна до продолженија. Во првото од нив, италијанците се справуваа подобро и не дозволија противникот да дојде до опасни ситуации. Домаќините пак, изгледаа како да ги потрошиле повеќето од своите сили во текот на 90-те минути. На крајот од првото продолжение Мухаремовиќ го собори Палестра пред казнениот простор. Судијата одлучи дека прекршокот заслужува само жолт картон. Тонали пак шутираше во ѕидот од досудениот фаул. Секунди подоцна Еспозито беше блиску до гол, но голманот на Босна одлично интервенираше. Второто продолжение не понуди многу опасни ситуации, но на неговиот крај Донарума со радост гледаше како една топка поминува покрај неговата лева статива по ударот на Тахировиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал со продажбата на „Сан Сиро“, финансиската полиција влезе во градското собрание на Милано

Вкупно девет луѓе се под истрага откако италијанската финансиска полиција изврши претреси …