Дома Фудбал Историски момент за Баерн Минхен – испратена јасна порака порака до ѕвездите

Историски момент за Баерн Минхен – испратена јасна порака порака до ѕвездите

Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен го продолжи договорот со тренерот Венсан Компани до 2029 година.

Немаше причина да биде поинаку. Во својата прва сезона на клупата на Баерн, ја врати титулата назад на “Алијанц арената” по прилично и несекојдневна криза во Минхен. Кога дојде во 2024 година од Барнли, потпиша тригодишен договор, а сега е награден со продолжување на истиот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно, последниот тренер кој доби продолжување на договорот во Минхен беше Луј ван Гал во 2010, а пред тоа Отмар Хицфелд во 2003. Случајот со Ханси Флик е нешто поразличен бидејќи беше привремено решение, а потоа му беше доделен договор.

Компани ја освои Бундеслигата минатата сезона и Суперкупот оваа сезона, и може да се каже дека во овој момент тие се еден од подобрите тимови во Европа, што не значи дека така и ќе остане.

„Среќен сум и почестен. Би сакал да му се заблагодарам на Баерн за довербата и работната средина за сè што ми дадоа од првиот ден. Чувството е како да сум овде многу подолго и дека клубот го знам добро. Многу убаво искуство. Почнавме ова прекрасно патување, сега да продолжиме да работиме напорно и да славиме уште поголеми успеси“, изјави Венсан Компани.

„Венсан Компани ни ја врати забавата и жарта во Баерн. Под неговото водство, тимот порасна, играат доминантен и атрактивен фудбал. Продолжувањето е исто така сигнал и за нашите фудбалери“, изјави генералниот директор Јан-Кристијан Дресен.

Токму во таа изјава сакаше да им испрати порака на некои играчи за чии можно заминување шпекулираат, а тоа се Хари Кејн и Мајкл Олисе, дека вистинскиот проект е токму во Минхен и дека потписот тоа го потврдува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од играње со Роналдо до градежништво за седум години: „Телото ми кажа – не, морав да се пензионирам на 25 години“

Седум години – толку помина помеѓу двете фотографии кои го одбележаа животот на Чендрим Ка…