
Реал Мадрид донесе одлука за уште една голема промена која е дел од ребрендирањето на клубот.
Легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ доби ново, скратено име – од сега ќе биде познат како „Бернабеу“.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Промената на клубот беше најавена минатата година, а сега е и официјално спроведена пред големиот НФЛ спектакл кој ќе се одржи на стадионот.
„Бернабеу“ така во недела ќе биде домаќин на историскиот, прв натпревар во американски фудбал во Шпанија каде што ќе се сретнат Вашингтон Командерс и Мајами Делфинс.
Ова не е единствената промена во Реал до крајот на годината. Претседателот на клубот Флорентино Перес подготвува промени во моделот на сопственост, а предлог измените ќе ги презентира на членовите на Собранието следната недела.