Дома Фудбал Историја во Чиле: Мароко е светски шампион!

Историја во Чиле: Мароко е светски шампион!

Мароко постепено се утврдува како фудбалска сила, и по историското достигнување на сениорската репрезентација, сега и младинската селекција стана светски првак.

Мароканците се новите светски шампиони во категоријата У-20, првиот ранг под сениорскиот фудбал, откако во финалето на Светското првенство ја совладаа Аргентина со резултат 2:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Финалниот натпревар се одигра на стадионот Хулио Мартинез Прадаво во Чиле, каде Аргентина влезе како голем фаворит. Но, селекцијата од северна Африка со доминантна игра во првото полувреме обезбеди значителна предност и победа.

Херојот на натпреварот е напаѓачот на португалската Фармалика, Јасир Забири, кој реализираше два гола во првите триесет минути од играта.

Аргентинците се обидуваа да се вратат во играта, нападнаа жестоко, но не успеаја да ја загрозат победата на Мароканците.

Така, Мароко, откако сениорите го постигнаа најголемиот успех во историјата на африканскиот фудбал со пласман во полуфиналето на Светското првенство, сега стана и светски првак во У-20 категоријата.

Следеше големо славје во северна Африка, а се очекува дека славењето ќе продолжи и денес.

Сениорската репрезентација на Мароко е дури, според порталот Goal.com, седми фаворит за следното Светско првенство 2026 година. Доколку ним им се додадат некои од талентираните фудбалери од U-20 селекцијата што вчера стана светски првак, во оваа селекција ќе има голем потенцијал за уште поголем раст во иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија го потресе Островот: Синот на големата легенда и екс-фудбалер на Манчестер сити загина по пад од трактор.

Синот на прознатиот англиски фудбалер Стјуарт Пирс го загуби животот во тешка сообраќајна …