Дома Останати Кошарка Историја: Три браќа станаа дел од еден тим во НБА

Историја: Три браќа станаа дел од еден тим во НБА

Алекс Адетокумбо заигра за Милвоки Бакс во победата над Далас, создавајќи нова историја во клубот.

Три минути Алекс Адетокумбо помина на теренот, каде што постигна три поени. Оваа средба му беше прва оваа сезона за Бакс, создавајќи услови првпат тројца браќа да бидат дел од составот на еден НБА тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Алекс, Танасис и Јанис не играа заедно против Далас, но со влегувањето на Алекс во игра, неговото име се најде на составот на Милвоки за сезоната.

„Сега можам да се пензионирам. Сè што посакав, го постигнав“, изјави Јанис Адетокумбо додека Алекс ја погоди линијата за слободни фрлања.

„Неверојатно е. Гледам како браќата ме поддржуваат и насочуваат… Сонував за ваков момент и конечно го доживеав. Сонот ми се исполни. Пораснав во Милвоки и ова е лудо што се случи. И да сакам, не можам да избројам колку натпревари на Бакс сум гледал“, рече Алекс Адетокумбо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс стана играч со најмногу победи во историјата на НБА

Леброн Џејмс во домашната победа на Лос Анџелес Лејкерс против Кливленд Кавалиерс со 127:1…