Дома Останати Кошарка Испишана е историја во НБА лигата – се роди „нов Стеф Кари“ (Видео)

Испишана е историја во НБА лигата – се роди „нов Стеф Кари“ (Видео)

Минатата ноќ во НБА лигата се одиграни седум натпревари со една средба во нивниот дневен термин, а љубителите на кошарката преку океанот присуствуваа на испишување на историјата. Во триумфот на Шарлот Хорнетс против Јута Џез 126:103, Кон Кнупел направи голема работа.

Со рекорди во кариерата од 24 поени и пет асистенции, додаде и шест скока, а постигна и четири тројки, со што влезе во историјата. Имено, четвртиот пик на НБА драфтот оваа година и момчето кое една година ја мина на Дјук, во првите седум натпревари во кариерата постигна 22 тројки, што е најмногу во историјата на некој кошаркар во првите седум натпревари во кариерата!

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Одличниот Кон Кнупел беше после Мајлс Бриџис, кој имаше 29 поени, и втор најефикасен играч во тимот, додека на другата страна Лаури Марканен додаде 29 поени…

Можеби сме сведоци на создавањето на нов Стеф Кари, сѐ уште активната легенда на Голден Стејт и кошаркар кој засекогаш ја промени кошарката.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…