
Еден од најбараните напаѓачи во Премиерлигата, Александер Исак (25), наводно ги договори личните услови со Ливерпул, пренесуваат француските извори на Sky Sport.
Трансферот на шведскиот голгетер може да стане рекорден на британскиот пазар, а се шпекулира дека се работи за 140 милиони евра, додека Њукасл ја бара целата сума од 170 милиони евра.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Исак сака да го напушти Њукасл ова лето и наводно веќе се договорил со тимот на Ливерпул за петгодишен договор.
Во моментов, неговата плата во Њукасл изнесува околу 150.000 евра неделно, а неговиот тим инсистираше на зголемување на сумата до 350.000 евра неделно, што Ливерпул е подготвен да го исполни.
🚨 Alexander Isak has approved personal terms with Liverpool on a five-year contract if a fee can be agreed to sign the Newcastle striker.
(Source: @sachatavolieri) pic.twitter.com/gcY3HZfhBi
Претставниците на Исак минатото лето беа разочарани зашто Њукасл не сакаше да започне нови преговори, а сега од Ливерпул се решени да ја искористат можноста.
Сепак, договор меѓу двата клуба сè уште не е постигнат, па претставниците на Ливерпул и Њукасл се очекува да се сретнат во наредните денови за да се обидат да постигнат заедничка согласност.
Да потсетиме, Исак ја пропушти пријателската средба против Селтик (пораз 4:0) поради наводна полесна повреда на бутниот мускул, но медиумите открија дека всушност побарал да замине од клубот.