
Александар Исак ова лето сигурно ќе биде еден од главните мети за време на летниот трансфер период, а меѓу другите интерес за него покажа и Барселона. Сепак, по она што Швеѓанецот го изјави пред неколку дена, изгледа дека од потенцијалниот трансфер во каталонскиот клуб нема да има ништо.
Шведскиот напаѓач игра во фантастична форма во дресот на Њукасл и многумина сметаат дека клубот од Сент Џејмс Парк тешко ќе го задржи Исак ова лето, бидејќи многу клубови покажаа интерес за него.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, во Њукасл сигурно можат задоволно да тријат раце, имајќи предвид дека нема да го пуштат Исак за помалку од 100 милиони евра.
Овој 25-годишен напаѓач најмногу се поврзува со Арсенал, но интерес покажаа уште и Барселона, Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Исак беше прашан кој за него е моментално најдобриот играч на светот, а очигледно во Барселона очекувале дека ќе каже Ламин Јамал или Рафинја. Но, Швеѓанецот даде одговор кој не ги воодушеви многу.
“Најдобар играч во моментов на светот? Морам да кажам дека тоа е Килијан Мбапе. Тој за мене е најдобриот во светот во овој момент”, рече Исак.
Фото: Принтскрин