Дома Фудбал Исак ги одби милионите на шеиците – сака да игра само во еден клуб!

Исак ги одби милионите на шеиците – сака да игра само во еден клуб!

Александер Исак имаше можност да стане еден од најплатените фудбалери во светот, но одлучи поинаку. Швеѓанецот ја одби богатата понуда од Ал-Хилал затоа што сонува само за едно.

Шведскиот напаѓач Александер Исак направи потег кој ја изненади фудбалската јавност.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Според информациите на британскиот “The Sun”, Исак ја одби неверојатната понуда од саудискиот Ал-Хилал во вредност од 36.6 милиони евра годишно.

Покрај оваа голема плата, Саудијците му нудеа и дополнителни бонуси во вредност од дури 16 милиони евра.

Тие бонуси се однесуваа на потенцијални освојувања на Саудиската Про лига, Азијската Лига на шампиони, како и титулата за најдобар стрелец во првенството.

И покрај финансиските придобивки, Ал-Хилал беше спремен да му обезбеди на Исак и низа луксузи за лична удобност. Меѓутоа, и покрај сите овие привилегии, Исак одлучно рече “не”.

Неговата концентрација е исклучиво насочена кон преминување во Ливерпул, бидејќи верува дека тоа е напредок во неговата кариера.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез сѐ уште сака да се натпреварува на највисоко ниво, но пону…