Дома Фудбал Иран се премисли и сака да настапи на Светското првенство?!

Иран се премисли и сака да настапи на Светското првенство?!

Фудбалската репрезентација на Иран обезбеди пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Иранците се во групата Г, каде што ќе се натпреваруваат против селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд, а сите натпревари во групната фаза треба да ги играат во САД.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, по нападот на Израел и токму САД врз Иран, постои голема загриженост дека оваа земја нема да учествува на Светското првенство на непријателска територија. Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Иран Мехди Тадж даде изјава која не го откри актуелниот став на неговата земја.

„По ваков напад, не можеме со радост и надеж да гледаме кон претстојното Светско првенство”, рече Тадж.

За разлика од него, амбасадорот на Иран во Шпанија Реза Забиби е убеден дека репрезентацијата на оваа држава ќе биде дел од Светското првенство.

„Иран ќе оди на Светското првенство. Имаме сѐ што е потребно да бидеме таму.”, истакна Забиби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ му ги покажа вратите на Лука и рече: „Нема вака тука, додека сум јас овде“

Додека во Милано интензивно се работи на продолжување на договорот со капитенот на Хрватск…