Дома Фудбал Инзаги сака да го избрка Митровиќ од Ал-Хилал – ова е причината!

Инзаги сака да го избрка Митровиќ од Ал-Хилал – ова е причината!

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ ова лето ќе го напушти Ал Хилал, тоа е сѐ поизвесно, особено по информациите дека Симоне Инзаги сака да го доведе Александар Исак, напаѓачот на Њукасл.

Сепак, Ал Хилал ќе мора да издвои значителна финансиска средства за Швеѓанецот. Имајќи предвид дека интерес за него покажа и Ливерпул, чија понуда од 140.000.000 евра беше одбиено. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Треба да имаме предвид дека и Њукасл и Ал Хилал се под контрола на владејачкото семејство на Саудиска Арабија.

Според моменталната состојба, за Митровиќ повеќе нема место во Ал Хилал и една година пред истекот на договорот ќе мора да најде нова средина.

Сигурно е дека Митровиќ нема да има тешкотии да пронајде нова средина. Тој на 79 натпревари постигнал 68 голови, а интерес за него покажале во последните недели Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и многу други клубови.

Фотографија: Принтскрин 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Минхен, а зад сето тоа се крие – Реал Мадрид?!

Дајо Упамекано сѐ уште нема одговорено на понудата на Баерн Минхен. Доверливиот Флоријан П…