Дома Фудбал Интер ова лето ќе остане без тројца искусни фудбалери – им завршуваат договорите и нема да ги продолжат

Интер ова лето ќе остане без тројца искусни фудбалери – им завршуваат договорите и нема да ги продолжат

Интер ова лето ќе остане без тројца искусни фудбалери, бидејќи клубот не планира да ги продолжи договорите на голманот Јан Зомер, бекот Матео Дармијан и стоперот Стефан Де Вриј.

Како што пренесува доверливиот инсајдер Николо Шира, сите тројца од јули ќе станат слободни играчи, со што ќе им биде отворен патот кон избор нова средина без отштета. Одлуката на управата на „нероазурите“ е дел од пошироката стратегија за подмладување на тимот и рационализација на трошоците пред следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зомер дојде во Интер како краткорочно решение на голот, но со своето искуство донесе стабилност во клучните натпревари, додека Дармијан и Де Вриј со години беа важни делови во одбранбената линија, особено поради својата тактичка дисциплина и сигурност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мегваер прави трансфер во големиот ривал на Јунајтед

Според англиските медиуми, стоперот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер нема да го продолжи…