Дома Фудбал Интер ослабен на Светското првенство поради конфликтот меѓу Израел и Иран

Интер ослабен на Светското првенство поради конфликтот меѓу Израел и Иран

Фудбалерот на Интер Мехди Тареми не можеше да полета за САД на Светското клупско првенство поради вооружените конфликти меѓу Иран и Израел, известува „Газета дело спорт“.

Еден од најдобрите фудбалери на Иран моментално не може да се приклучи на тимот кој во следниот период ќе игра на светското клупско првенство, кое се игра во нов формат.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Како што известува дописникот на италијанската „Газета дело спорт“, Тареми редовно се појавувал на аеродромот надевајќи се дека ќе успее да се качи на авион, но постојано морал да се враќа од безбедносни причини.

Целиот воздушен простор над Иран е затворен додека траат конфликтите и бомбардирањето. „Неро азурите“ се во контакт со нивниот играч и се бара решение.

На пример, вооружениот конфликт меѓу овие две земји не го избегна ни познатиот кошаркарски стручњак Димитрис Итудис, тренерот на шампионот на Еврокупот Хапоел од Тел Авив, на кого му беше разнесена зградата каде што живее. Среќа за Гркот, во тој момент тој престојуваше во својата татковина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…