
Во Интер денеска беше многу активно. Клубот од Милано одби понуда за Чалханоглу, а истовремено го претстави новото засилување.
Чалханоглу во Галатасарај? Повеќе извори утрово објавија дека преговорите помеѓу двата клуба конечно започнаа, по недели шпекулации дека играчот од средината на теренот инсистираше на овој трансфер.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тоа создаде голема напнатост помеѓу Чалханоглу и неговите соиграчи, пред сè Лаутаро Мартинес, кој отворено го критикуваше поради недостиг на посветеност.
Иако Интер би го пуштил да замине, тие исто така сакаат да добијат износ што одговара на неговата вредност, особено имајќи предвид дека неговиот договор важи до јуни 2027 година.
Сега новинарот на „Sport Mediaset“, Орацио Акокмандо, известува дека почетната понуда на Галатасарај изнесува 17 милиони евра.
Тоа е многу далеку од бараната цена од 30-35 милиони евра за 31-годишникот. Додека клубови како Ал-Хилал, кој го тренира Симоне Инзаги, и други во Премиер лигата, би биле подготвени да платат многу повеќе, Чалханоглу е решен да се приклучи на клубот кој секогаш го поддржувал.
Од друга страна, Интер денеска го официјализираше доаѓањето на новото засилување. Неговото име е Анж-Јоан Бони.
Фото: Принтскрин