
Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во претходната финансиска година, беше објавено на клупските страници. Финансиските извештаи за сезоната 2024/25. покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување за 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер туку и за италијанскиот фудбал во целост. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога во првата сезона на Роналдо имаше приходи од 464 милиони.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемувањето на приходите од домашните и европските натпревари, како и учеството на првата изведба на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, дојде и до зголемување на комерцијалните приходи од спонзорствата и натпреварите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Интер финансиската година ја заврши со нето профит од 35.4 милиони евра, во споредба со загуба од 35.7 милиони евра во претходната финансиска година. Рекордната финансиска година Интер ја заврши без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор зад Наполи, во италијанскиот Куп заглави во полуфиналето од градскиот ривал Милан, “Росонерите” беа подобри и во финалето на италијанскиот Суперкуп, додека на клупското СП испадна од Флуминенсе.
“Финансискиот извештај што го претставуваме денеска означува историска пресвртница, првпат во модерната историја на Интер забележавме нето профит. Овој резултат ја отсликува силата на нашата стратегија, заснована на посветеност кон одржливоста, оперативната ефикасност и максимизирање на нашите ресурси,” изјави претседателот Џузепе Бепе Марота.