
Фудбалерите на Интер продолжија со серија на слаби резултати во последно време откако беа елиминирани од Флуминенсе во осминафиналето на Светското клупско првенство, а по натпреварот тренерот Кристијан Киву и капитенот Лаутаро Мартинез ја истакнаа поделбата во тимот, на свој начин алудирајќи на незадоволството на Хакан Чалханоглу.
Турскиот фудбалер е подготвен да се врати во својата татковина бидејќи има понуда од Галатасарај, но Интер не сака да го пушти под утврденото обештетување што доведе до фрустрација кај играчот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Капката што ја проли чашата беше пораката на капитенот Лаутаро Мартинез, која јасно алудираше на поранешниот ас на Милан и Баер од Леверкузен, кој летово беше отсутен од Светското првенство поради повреда.
И додека самиот фудбалер не се огласи на социјалните мрежи, сопругата Синем, која е на одмор со сопругот и децата, јасно кажа што мисли за целата ситуација.
„Некои не се верни на тебе, туку на своите потреби од тебе. Кога ќе им се променат потребите, се менува и нивната верност. Не жали што имаш големо срце. Сите убави работи се враќаат“, стои во пораката што сопругата на фудбалерот ја објави на Инстаграм профилот.
Фото: Принтскрин