
Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го обележа сериозен инцидент кој се случи за време на полувремето.
Еден од домашните навивачи физички го нападна и вербално го навреди сопственикот на израелскиот клуб Офер Јанај, што предизвика големо внимание и осуда од јавноста.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Атинскиот клуб брзо излезе со официјално соопштение и остро реагираше.
Навивачот кој го предизвика инцидентот веднаш ја загуби сезонската карта, а истовремено му беше изречена доживотна забрана за влез во ОАКА арената.
Од Панатинаикос јасно порачаа дека насилството и каков било облик на расизам немаат место во нивната сала, нагласувајќи ја политиката на нулта толеранција кон однесување кое ја загрозува безбедноста и угледот на клубот.
По овој меч Хапоел има скор од 12 победи и пет порази, додека Панатинаикос има 11 победи и шест порази.