Дома Фудбал Играше на Светско првенство, а сега е бездомник: Девојка се шокирала кога дознала на кого секој ден му дава храна (Видео)

Играше на Светско првенство, а сега е бездомник: Девојка се шокирала кога дознала на кого секој ден му дава храна (Видео)

Една девојка на Инстаграм сподели трогателна и тажна животна приказна на главниот лик. Откако дозна за кого се работи, беше шокирана и реши тоа да го сподели со целиот свет на оваа социјална мрежа.

“Секојдневно по работа му давам храна на човекот кој постојано седи на станицата. Обично само му ја предавам храната, си посакуваме добар ден и продолжувам дома, но денеска беше различно. Разговарав со него, тој ме погледна и ми рече: ‘Ти ми даваш храна секој ден, ако знаеше кој сум, ќе беше изненадена’. Бев застаната од изненадување кога го гуглав кој е, бев шокирана. Тој е познат фудбалер”, напиша таа во описот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за Пол Џејмс. Има 62 години и е поранешен фудбалски репрезентативец на Канада, за која одигра 46 натпревари, меѓу кои учествуваше и на Олимписките игри во 1984 година и Светското првенство во 1986.

Подоцна беше селектор на младинската репрезентација У-20 на Канада, го водеше и неколку клубови, но за жал, неговиот живот ја загуби правата насока и тргна на тажен пат.

“Ме погоди колку малите дела на добрина можат наистина да значат. Животот може да се промени во еден миг, а малку грижа многу значи”, напиша девојката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан доби напаѓач од Премиер лигата

Според италијанските медиуми, Милан го потпиша Жан Филип Матета, 28-годишниот француски на…