Дома Моторспорт Иџе и понатаму ги поместува границите: Ќе биде прв Македонец во Еуронаскар ПРО!

Иџе и понатаму ги поместува границите: Ќе биде прв Македонец во Еуронаскар ПРО!

Македонскиот ас на четири тркала, Игор Стефановски – Иџе, повторно го испишува своето име во историјата на домашниот автоспорт. Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе го има своето деби во престижното натпреварување Еуронаскар ПРО, како дел од тимот Speed House S20 Team, во финалната трка на сезоната што ќе се вози на прочуената белгиска патека Золдер.

„Во 2020 година требаше да возам во ова првенство, но пандемијата го стопираше тоа. Конечно, пред неколку дена добив покана од организаторите да бидам гостин на последната трка во Золдер. Добро е што ја знам патеката, тука имам победа во ЕТЦЦ во 2017 година,“ – изјави Стефановски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За него, ова е ново поглавје во кариерата и голем предизвик, бидејќи првпат ќе управува со NASCAR болид, во конкуренција со околу 26 професионални возачи.

„Ова ќе биде моја 201 трка, и со неа отворам ново поглавје. Ќе бидам дел од силна конкуренција – минатата година тука возеше Жак Вилнев, а годинава е и легендарниот Иван Милер. Ова е голема чест, но и огромна мотивација,“ додава тој.

Тој истакнува дека фокусот нема да биде на резултатот, туку на запознавање со автомобилот и шампионатот, со цел подготовка за можни идни настапи во оваа елитна категорија.

Долгогодишниот поддржувач на Стефановски, Видеолотарија Касинос Австрија, и овојпат стои зад него, верувајќи во неговиот талент, упорност и спортска визија.

Македонскиот шампион уште еднаш покажува дека со страст и храброст се освојуваат патеките – а Иџе, како и секогаш, ја носи Македонија со себе на европската сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хамилтон трката ја заврши без кочници: Погледнете ја драмата низ која помина и за што беше казнет (Видео)

Последните два круга од трката за Големата награда на Сингапур беа вистински кошмар за воз…