
Откако беше сменет од местото шеф на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер (51) може да добие дури 70 милиони евра отпремнина.
Хорнер на почетокот на неделата беше ослободен од должноста по 20 години како што беше на чело на конструкторскиот тим, кој под негово водство освои осум шампионати во конкуренција на возачи и шест титули во конкуренција на конструктори.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Раководството на Ред Бул не ги објасни причините за неговото заминување, а отказот на Хорнер следеше година и половина откако поранешниот шеф на тимот беше обивинет за сексуално вознемирување на вработена.
Сепак, Хорнер два пати беше ослободен од обвинувањата, првиот пат по внатрешна истрага спроведена од адвокат, а потоа и од страна на друг адвокат кој ја отфрли жалбата на вработената. Хорнер цело време силно ги негираше тие обвинувања.
Фото: Принтскрин