
Арсенал го исфрли Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 5:1. Во првиот натпревар на Емирати, Англичаните победија со 3:0, а вчера на Сантијаго Бернабеу славеа со 2:1. Сака постигна гол за Арсенал во 65. минута, а Винисиус израмни во 67. минута. Арсенал до победата стигна во 93. минута со гол на Габриел Мартинели.
Арсенал веќе во 13. минута имаше голема шанса да дојде до водство, да оди на вкупни 4:0 и така веројатно да го заврши Реал уште во раната фаза на натпреварот. До неа дојдоа затоа што Асенсио го сруши Мерино пред корнерот. Судиијата по прегледот на ВАР покажа бела точка.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Прв топката на белата точка ја постави Одегард, но тогаш топката ја зеде Букајо Сака (23) и беше решено дека Англичанецот ќе го изведе пеналот. Сака го изведе тој удар катастрофално, проба со паненка, но обидот лесно беше одбранет од Куртоа. Пеналот на Сака не му се допадна на легендарниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт.
“Сака се прецени себеси кога го изведуваше тој пенал. ‘Погледнете ме, сега ќе го украдам шоуто.’ Не, ти си обичен играч, мораш многу напорно да работиш секој ден и она што го направи е срамота. Мисли дека припаѓа на светската класа фудбалери, но не припаѓа.”
Оваа сезона Сака има 29 настапи, 11 голови и 14 асистенции за Арсенал во сите натпреварувања. Според Transfermarkt неговата вредност изнесува 150 милиони евра. Рафаел ван дер Варт е поранешен играч на Ајакс, ХСВ, Реал, Тотенхем, Бетис, Мидтјиланд и Есбјерг. За репрезентацијата на Холандија има 109 настапи и 29 голови.
Фото: Аrsenal