Ракометната репрезентација на Холандија дојде до очекувана победа (40-23) против Гвинеја во првиот меч од групата, каде што се наоѓаат и Македонија и Унгарија.
Сите дилеми околу победникот на теренот во Вараждин беа решени веќе во првото полувреме. Уште од стартот „лалињата“ направија серија, а на одмор заминаа со предност 21:8.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во второто полувреме Холандија малку се опушти, но сепак рутински стигна до победа.
Најефикасен во победничките редови беше тен Велде со девет голови, а пет запиша Ставаст.