
Напаѓачот на Милан Сантијаго Хименес го изрази своето олеснување по првиот гол оваа сезона при победата од 3:0 против Лече за Купот на Италија и исто така увери дека никогаш не сакал да го напушти клубот иако на крајот од летниот трансфер период управата беше подготвена да го замени за Артјом Довбик од Рома.
“Еден напаѓач треба да постигнува голови. Во последните натпревари тоа не се случуваше, иако имав доста шанси. Но, со овој гол може да дојдат уште многу. Како дете сонував да играм за Милан, затоа сакав да останам таму. Фала му на Бога, уште сум тука и играм за тимот на моите соништа. Од првата секунда овде никогаш не помислив да го напуштам овој тим”, коментираше Хименес по натпреварот.