Дома Фудбал Хари Кејн ги негираше гласините за преговори со Барселона

Хари Кејн ги негираше гласините за преговори со Барселона

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се произнесе за гласините во врска со интересот на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Името на Англичанецот често се споменува во контекст на можна преселба на “Камп Ноу” по завршувањето на сезоната. Меѓутоа, тој засега негира такви тврдења.

– Не сум слушнал ништо за тоа. Секако, мојот татко и брат се занимаваат со тие прашања, така што не знам дали тие нешто слушнале. Но, мене ништо не ми кажале. Уживам тука, на теренот, и навистина сум среќен во Баерн. Мојот фокус е на оваа сезона и на Баерн – истакна тој, јасно потенцирајќи дека за сега не размислува за заминување.

Кејн повторно се покажа како клучен играч за Баерн при победата од 3:2 против Ајнтрахт Франкфурт, постигнувајќи двоен погодок, што само ја потврдува неговата импресивна голгетерска форма оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…