Капитенот на Англија, Хари Кејн доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон која наиде на лавина на реакции на социјалните мрежи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нарачката е направена од Велтам Форест, каде што е роден Кејн, во 2019 година додека Кејн играше во Тотенхем.
Меѓутоа, градските власти ја оставиле статуата во складиште цели пет години, бидејќи не можеле да најдат соодветно место да ја изложат.
Сличноста на статуата со Хари Кејн е минимална, но тоа станува јасно ако се знае дека е изработена за само 7.000 фунти.