Дома Фудбал Хаос во Париз по натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал во Лигата на шампионите (Видео)

Хаос во Париз по натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал во Лигата на шампионите (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во финалето на Лигата на шампионите победувајќи го Арсенал во реванш-натпреварот со резултат 2:1 и со вкупен резултат 3:1 се изборија за пласман во финалето.

Во финалето, ПСЖ ќе се сретне со Интер, а завршниот натпревар ќе се игра во Минхен на 31 мај. За ПСЖ тоа ќе биде второ финале во историјата на клубот, а сè уште го чекаат својот прв трофеј во Лигата на шампионите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По триумфот против Арсенал, имаше големо славје во Париз, но исто така и хаос на улиците.

Во еден момент, навивачите претераа со славјето кое излезе од разумни рамки.

На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како автомобил удира еден од навивачите на ПСЖ.

Автомобилот се забил во навивачите, при што неколку лица се повредени, иако околностите сè уште не се разјаснети.

Фoтo: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …