
Кошаркарите на Денвер беа поразени од Оклахома, но натпреварот го одбележија валканите потези на играчите на Тандер врз Никола Јокиќ.
Во последната четвртина, кога драмата достигнуваше врв, Лу Дорт по еден напад го фрли колкот и го удри српскиот центар, кој заврши на паркетот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Јокиќ веднаш стана и тргна во пресметка со Канаѓанецот, а во одбрана застана Џејлин Вилијамс и започна влечење за дресовите. Во погледот на сомборецот се виде бес и колку е спремен да го реши проблемот до крај.
Дорт беше исклучен, српската ѕвезда и Вилијамс добија по техничка грешка и драмата можеше да продолжи.
Пред тоа, видовме и неспортски потег на Шеј Гилџус-Александер, кој го започна натпреварот со неспортска грешка, затоа што го гаѓаше Јокиќ со топката.
.Лу Дорт беше исклучен откако изгледаше дека го сопна Никола Јокиќ на оваа игра.
— ESPN (@espn) Февруари 28, 2026
Никола Јокиќ и Џејлин Вилијамс добија технички грешки. pic.twitter.com/ZFyNHpigsM