
Легендарниот Луис Хамилтон (40) се мачи во својата прва сезона во Ферари и не може да го извлече најдоброто од новиот болид. По повеќе од деценија, во италијанскиот тим е во целосно нова средина и во првите пет трки оствари само победа во спринт трката во Кина. Важно е да се истакне дека ниту еднаш не заврши на победничкиот подиум, ниту пак беше побрз од колегата од клубот Шарл Леклер, долгорочен член во Скудерија.
Кој е проблемот? Британскиот “Дејли мејл” откри дека важна причина за неговиот проблем може да биде клаузула во договорот според која никој од Ферари не смее да контактира со соработниците на Хамилтон од Мерцедес. По цели 11 години во претходниот тим, Британецот дојде во целосно нова средина, каде што прво остана без својот долгодишен тркачки инженер Пит Бонингтон, со кого соработувал уште од 2012 година и со кого освои дури шест титули.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Што прави тркачки инженер? Пред сè, тој е главната врска на тимот и возачот за време на тренингот, квалификациите и трката, со важна улога да возачите преку него испраќаат информации за состојбата на болидот и да очекуваат дека тие ќе бидат пренесени на инженерите. Исто така, инженерите со своите соработници ги дефинираат поставките на болидот, учествуваат во дефинирањето на стратегијата на трката, имаат улога на ментори во нивните тимови и ги анализираат податоците за време на трката.
Фото: Принтскрин