
Седумкратниот шампион признава дека сѐ уште го приспособува стилот на возење кон новиот болид, додека Леклер покажа доминација на првиот ден во Мелбурн.
Луис Хамилтон истакнува дека сѐ уште го прилагодува својот стил на возење на новиот болид на Ферари, по првиот ден на Големата награда на Австралија.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Неговиот тимски колега Шарл Леклерк заврши петокот како најбрз, додека Хамилтон заостануваше 0,42 секунди во вториот слободен тренинг.
Во првиот тренинг Британецот беше уште поспор, со заостанување од 0,6 секунди зад Ландо Норис.
По FP2, Хамилтон за F1 Тв изјави дека чувството било неверојатно.
“Чувството беше неверојатно, да излезам на патеката и да возам Ферари овде,” рече Хамилтон. “Навистина беше возбудливо да се дојде до овој момент.”
Додаде дека му требаше малку време за да се привикне на болидот.
“Искрено, болидот се чувствува потполно поинаку од било кој што сум возел порано на оваа патека,” призна тој. “FP1 беше фаза на прилагодување, а во FP2 беше малку подобро. Постепено го градиме темпото.”
Хамилтон објасни дека неговиот нов болид бара поинаков пристап во возење.
“Само е поинаков. Не лош, само бара поинаков начин на возење. Се прилагодувам малку по малку и уживам во процесот.”
Хамилтон е познат по специфичниот стил на возење, каде што доцна кочи, држејќи го болидот на раб на блокирање на тркалата, додека истовремено во кривините внесува многу енергија во предните гуми.
Таквиот стил на возење му овозможуваше висока брзина низ кривините, но сега мора да најде рамнотежа во новото опкружување.
Леклер, од друга страна, има поинаков пристап – користи двостепена техника за преминување низ кривините, што му помага да го намали подуправувањето и да кочи попрецизно.