Шпанскиот портал „Гол Дигитал“ пишува дека во Реал Мадрид се размислува за идниот изглед на нападот на клубот. Килијан Мбапе конечно ја фати вистинската форма и со 17 голови оваа сезона стана лидер на екипата, преземајќи ја таа улога од Винисиус Жуниор.
Мбапе го прави тоа играјќи на неприродната позиција на деветката, додека Винисиус е на левото крило. Во Реал размислуваат за промени кои би го довеле Мбапе на левото крило, каде би имал повеќе простор и помалку внимание од противничките стопери. Во тој случај останува прашањето за деветката и за Винисиус, долгогодишната ѕвезда на клубот и кандидат за Златната топка.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Гол Дигитал“ тврди дека во Реал, откако го имаат Мбапе, се подготвени за заминувањето на Винисиус иако моментално не размислуваат за тоа. Но, Бразилецот привлекува интерес од најбогатите клубови во Саудиска Арабија, кои го мамат со раскошни понуди, додека на Реал често му паѓа товарот од склоноста на Винисиус за инциденти на теренот и надвор од него.
Во случај на заминување на Бразилецот на неговата крилна позиција би бил преместен Мбапе, кој би се нашол во природната улога, а Реал би можел да побара нова деветка и напаѓачки партнер на Французинот во Бундеслигата.
Најдобриот словенечки напаѓач, 21-годишниот Беџјамин Шешко, оваа сезона повторно е во добра форма во дресот на РБ Лајпциг и е еден од најбараните играчи во светот на неговата позиција. Во Лигата на шампионите, Купот и првенството постигна 13 гола во 25 настапи, а во словенечката репрезентација е одамна незаменлив и има 16 гола во 39 настапи.