Дома Фудбал Халанд барал дрес од еден фудбалер на Реал, па на друг му се „заканувал“ во тунелот

Халанд барал дрес од еден фудбалер на Реал, па на друг му се „заканувал“ во тунелот

Фудбалерите на Реал Мадрид во фантастичен натпревар од плејофот на Лигата на шампионите го совладаа Манчестер Сити на „Итихад“ со резултат 3:2 и така стекнаа голема предност пред реваншот во „Сантјаго Бернабеу“ следната недела.

И покрај двата гола, Хааланд беше очигледно тажен поради конечниот резултат. Сепак, тоа не го спречи да побара дрес од една ѕвезда на Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Норвежанецот му пристапи на Килијан Мбапе, но Французинот му рече дека ќе му го даде дресот во соблекувалната, што подоцна и го направи.

Инаку, шпанските портали известуваат дека, покрај со Мбапе, Халанд разговараше по мечот и со Џуд Белингам, уште една млада и голема ѕвезда.

Тој му рече на Белингам дека сè ќе биде различно во реваншот во Мадрид.

„Само да знаеш, овој тим ќе направи сè за да ве исфрли и сè уште не е готово. Вистинската борба допрва следи“, му кажал Халанд на Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…