
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека знае кои се причините за нестабилната игра на неговиот тим. Тој не даде детали, но додаде дека знае како да ги реши проблемите. “Граѓаните” имаат два последователни порази. Најпрво беа совладани од Манчестер Јунајтед, а потоа претрпеа изненадувачки пораз од Бодьо/Глимт во Лигата на шампионите.
“Знам која е причината поради која имаме проблеми моментално. Знам што се случи со тимот. Нестабилноста. Знам како да го решиме проблемот. Тој нема да биде решен со пристигнувањето на еден играч, иако искуството на Марк (Геи) е огромно. Тој е репрезентативец на Англија, капитен на тим што ја освои ФА Купот минатата сезона. Но, не се работи за еден играч”, изјави Гвардиола.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во врска со битката за титулата и претставата на Арсенал, тој коментираше: “Тие се најдобриот тим во светот моментално. Погледнете Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и Лига купот. Се надеваме дека ќе се доближиме и се надеваме дека тие ќе ни дадат таа можност”.