Дома Фудбал Гвардиола проговори за Семењо: Ќе се случи она што ќе се случи

Гвардиола проговори за Семењо: Ќе се случи она што ќе се случи

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, даде изјава пред гостувањето на неговиот тим кај Сандерленд, екипа која од почетокот на сезоната е вистинска сензација во Премиер лигата. Притоа Гвардиола се осврна и на некои аспекти од трансфер пазарот.

Шпанецот истакна дека постои можност Родри да добие шанса за неколку минути игра против „Црните мачки“. Сепак, одби да го коментира потенцијалниот трансфер на Антоан Семењо, за кого медиумите во Англија известуваат дека веќе на првиот ден од 2026 година би можел да стане член на „Граѓаните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Родри се врати и можеби ќе одигра некоја минута. Можеби и Доку. Џон Стоунс и Оскар Боб се уште не се подготвени – изјави Гвардиола.

Запрашан за доаѓање на Антоан Семењо и можното заминување на Оскар Боб, за кој Борусија Дортмунд покажува интерес, Пеп остана краток.

– Ќе се случи она што ќе се случи. Нема новости. Во моментов, трансфер периодот е целосно затворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…