
Манчестер Сити во летниот преоден рок во 2023 година за 62 милиони евра го купи и од Вулверхемптон го пресели Матеус Нунес на Етихад. Само оваа сезона Пеп Гвардиола му смени шест позиции на теренот. Објасни зошто решил помалку да го користи во средниот ред, иако во таа линија игра за португалската репрезентација и му даде осум натпревари оваа сезона на таа позиција.
Нунес за Сити во оваа сезона играше на сите три позиции на левата страна, како одбранбен и офанзивен среден играч и како десен бек и на десната страна во средината. Најмногу натпревари, 11 од 33 на коишто настапи, го пополнуваше местото на десната страна од последната линија. На местото на десен бек играше и во последниот натпревар. Сити гостуваше кај Јунајтед и одигра 0:0, а 26-годишниот Нунес ги одигра сите 90 минути.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
“Има физички способности кои се потребни за да стане добар десен бек. Мислам дека не може да биде доволно добар во средината бидејќи не е доволно паметен и смирен. Неверојатно е вешт и многу учи како десен бек. Многу ни помогна”, рече Гвардиола по манчестерското дерби.
Португалецот со бразилски корени пред да дојде во Сити од Вулверхемптон играше за Есторил, Ерисиеренсе и Спортинг. Порасна во фавелите на Рио де Жанеиро обожувајќи го Роналдињо, а во Португалија се пресели со мајката и очувот кога имаше само 13 години. Пред шест години работеше во семејната пекара во градчето Ерицеира, недалеку од Лисабон, одел на тренинзи во Спортинг и се надеваше дека еден ден ќе биде нешто повеќе од него.