
Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, нема да биде на располагање на екипата во наредниот период, поради повредата што ја здоби на натпреварот од ФА Купот против Плимут.
Сити славеше во петтата рунда од натпреварувањето со резултат 3:1, а Аке беше заменет пред почетокот на второто полувреме, кога на негово место влезе Рубен Диаш.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
По натпреварот, Гвардиола изјави дека холандскиот репрезентативец долго ќе биде надвор од терените.
„Повторно еден од нашите стопери ќе се опоравува подолго време, така изгледа со ситуацијата на Нејтан. Благодарен сум на управата на клубот, која во јануари ги доведе дефанзивците Абдукодир Хусанов и Витор Реис“, рече Гвардиола и додаде:
„Во спротивно, немаше да имаме никакви шанси да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона или да се бориме за трофејот во ФА Купот. Би било невозможно да ми е само Диаш на располагање“.
Сити се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, додека Ливерпул е лидер со 20 повеќе.