Дома Фудбал Гвардиол е минато: Пеп има понуда од која боли глава за нов дефанзивец на Манчестер сити

Гвардиол е минато: Пеп има понуда од која боли глава за нов дефанзивец на Манчестер сити

Манчестер Сити има навистина лоша сезона. Испаднаа од Лигата на шампионите од Реал Мадрид веќе во шестнаесеттина финалето, а во Англија нема да ја одбранат титулата бидејќи заостануваат речиси 20 бодови зад лидерот Ливерпул.

Сезоната за заборав на „Етихад“, но Пеп Гвардиола има секако „кредит“ кај управата на клубот, па така што ќе го води клубот и во наредниот период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пред нас е возбудливо лето на „Етихад“, во тоа нема сомнеж, „Граѓаните“ ќе направат реконструкција на тимот.

Се очекуваат заминувања, но и нови засилувања во редовите на Манчестер Сити, а во моментов Пеп Гвардиола има една голема желба.

Според пишувањата на англиските медиуми, Гвардиола сака во редовите на Сити да го донесе 22-годишниот бразилски стопер Мурило кој оваа сезона експлодираше во дресот на Нотингем Форест.

Тековната вредност на Мурило е 50 милиони евра и договорот со Нотингем му трае до јуни 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашари: Отсекогаш сум сакал да преминам само во Милан

Новото засилување на Милан Ардон Јашари денес беше претставен пред италијанските медиуми к…