Дома Фудбал Градоначалникот на Тетово се пофали дека неговиот син ќе игра за Албанија

Градоначалникот на Тетово се пофали дека неговиот син ќе игра за Албанија

Фудбалската федерација на Албанија соопшти дека младиот играч на Шкендија, Лавдрим Касами, добил повик за настап во репрезентацијата на Албанија до 19 години.

Младите Албанци ќе одиграат два пријателски меча против Ирска, на 10 и 12 октомври, а подготовките веќе започнаа пред два дена. Првиот натпревар ќе се одигра во „Куќата на фудбалот“ во Тирана, а вториот во Лушње. Од албанската федерација побарале клубот и фудбалерот веста за повикот да не ја објавуваат пред 6 октомври.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сѐ би изгледало како обична спортска информација, доколку не се знае дека Лавдрим е син на Биљал Касами — претседател на партијата Беса и актуелен градоначалник на Тетово, кој во моментов е во кампања за нов мандат. Партијата Беса е дел од владината коалиција преку движењето ВРЕДИ, што ѝ дава и политичка димензија на оваа приказна.

Горд татко, Биљал Касами ја сподели веста на социјалните мрежи:
„Во екот на изборната кампања пристигнаа прекрасни вести од Тирана кои ме направија исклучително среќен. Мојот син Лавдрим, кој игра за Шкендија, доби покана да настапи за албанската репрезентација до 19 години. Ви благодарам ФФА, честитки Лавдрим“, напиша тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Муслиу со јасна порака пред Белгија: Да го дададеме најдоброто!

Македонската А репрезентација денеска патува за Гент каде што на 10. октомври ќе се соочим…