Дома Фудбал Градоначалникот на Манчестер: Јунајтед мора сам да го изгради стадионот, градот нема да помогне

Градоначалникот на Манчестер: Јунајтед мора сам да го изгради стадионот, градот нема да помогне

Манчестер јунајтед објави планови за изградба на најголемиот стадион во Обединетото Кралство, нов стадион со 100.000 седишта во близина на Олд Трафорд, вредност од 2,34 милијарди евра. Косопственикот на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, сака да изгради најдобар фудбалски стадион на светот, а клубот се надева дека ќе го заврши во пет години.

Манчестер Јунајтед, кој моментално има долгови од 1,17 милијарди евра, уште не објаснил како планира да го финансира стадионот. Тој ќе биде дел од пошироката регенерација на подрачјето на „Олд Трафорд“, што се смета за најголем таков проект во Обединетото Кралство од трансформацијата на Стратфорд за време на Олимпијадата во Лондон 2012 година. Канцеларката Рејчел Ривс веќе ја даде поддршката на владата за овие планови.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Клубот тврди дека целиот проект ќе создаде 92.000 нови работни места, ќе вклучи изградба на 17.000 куќи и ќе привлече дополнителни 1,8 милиони посетители во подрачјето годишно. Проектот ќе додаде дополнителни 8,5 милијарди евра на британската економија годишно.

Се постави прашање дали ќе се користат парите на даночните обврзници за изградба на стадионот. Првично градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнхам, рече дека ќе се финансира со јавни пари, но денеска го смени тоа поради големите критики на опозицијата и граѓаните на Манчестер. Тој изјави за „Скај Спортс“ дека граѓаните нема да финансираат изградба на стадионот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пронајден фудбалерот по кој се трагаше по пожарот во Кочани

По страшната трагедија која ноќеска ја потресе Кочани, бројни родители, пријатели и роднин…