Дома Фудбал Готово: Милан донел конечна одлука за Вокер!

Готово: Милан донел конечна одлука за Вокер!

Екипата на Милан сепак нема да го откупи Кајл Вокер по истекот на позајмицата на крајот на сезоната.

Оваа вест ја објави италијанскиот новинар, Данијеле Лонго, кој тврди дека во Милан имаат сепак различни планови за летниот преоден рок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вокер зимава пристигна на позајмица од Манчестер Сити, а Милан во договорот имаше клаузула според која можеше да го откупи за само пет милиони евра.

Сепак, Милан нема да ја искористи таа опција, па Вокер формално повторно ќе биде член на Манчестер Сити, иако е јасно дека ќе го напушти „Етихад“ претстојното лето.

Тој за Милан одигра 15 натпревари, но очигледно е дека не ги исполни очекувањата.

Вокер има 34 години, а на лето ќе влезе во последната сезона од договорот со Сити, па останува да видиме според каква формула сега ќе се раздели со „граѓаните“.

Фото: AC Milan/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлудата прослава на најчудниот гол. Помошниот тренер на Бенфика како гром го собори играчот

БЕНФИКА постигна неверојатна победа од 4:2 на домашен терен против Реал, со што се избори …