Дома Фудбал Готово: Жоан Гарсија е новиот голман на Барселона

Готово: Жоан Гарсија е новиот голман на Барселона

Голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, ќе се пресели во Барселона, откако двете страни се договориле за сè и на практика трансферот е готов, информира трансфер експертот Фабрицио Романо.

Каталонците треба да ја исплатат откупната клаузула на голманот во износ од 25 милиони евра, но Романо додава дека тоа може да се случи во деновите до крајот на тековната недела или во следната недела. Самиот Жоан Гарсија ќе потпише договор за пет сезони.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Разговорите беа забавени, бидејќи голманот побарал гаранции дека ќе биде прв избор. Тоа предизвика сериозно напрегање помеѓу управата на Барселона и Марк-Андре тер Штеген, кој моментално е првиот избор меѓу стативите, но во последните денови сè повеќе се засилуваат шпекулациите дека на крајот можеби ќе замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња ја реши средбата и му испрати порака на Анчелоти: Го сакаме Нејмар со нас на СП

По одлуката на Карло Анчелоти (66) да го изостави Нејмар (34) од списокот на бразилската р…