Дома Фудбал Готово: Тотенхем се договорил со новиот тренер, ќе плати 10 милиони евра

Готово: Тотенхем се договорил со новиот тренер, ќе плати 10 милиони евра

Според информациите од италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Томас Франк ќе биде назначен за нов главен тренер на Тотенхем.

По динамични преговори, постигнат е договор меѓу Франк и управата на Тотенхем, а сите формалности се очекува да се завршат во следните неколку денови.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Сегашниот тренер на Брентфорд ќе ја преземе функцијата кај лондонскиот гигант по прифаќање од страна на Брентфорд на обесштетување во вредност од 10 милиони фунти.

Договорот со Тотенхем ги вклучува и дел од стручниот тим на Франк, што покажува дека клубот се стреми кон континуитет и препознатлива работна филозофија која данскиот стратег ја развива во Премиер лигата.

Франк е главен тренер на Брентфорд од 2018 година и е одговорен за трансформација на екипата во стабилен премиерлигаш, познат по организирана игра и одличен пристап кон играчи со ограничени ресурси.

Неговото име долго време се спомнува меѓу кандидатите за тренерските позиции на најголемите англиски клубови, а сега ќе добие шанса да докаже што може да постигне со екипа со поголеми амбиции.

Во периодот на неговото водење на клупата на Брентфорд, во 317 натпревари оствари 136 победи, 110 порази и 71 нерешен резултат.

Фото: Totenham/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милнер руши рекорд во Премиер лигата

Џејмс Милнер договори едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот дене…