Дома Фудбал Готово: Познат новиот клуб на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ

Готово: Познат новиот клуб на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ

Српскиот голман Вења Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе стане дел од Наполи, откако преговорите достигнаа до крајната фаза.

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо извести дека трансферот влегува во финална фаза и дека официјализацијата се очекува во наредните денови.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во оваа зделка е вклучен и Сирил Нгонд, кој ќе премине од Наполи во Торино како позајмен играч на една година за милион евра, а ќе има опција за трајно откупување за 11.000.000 евра следното лето.

Сè уште не е јасно дали договорот за трансферот на Милинковиќ-Савиќ ќе биде поврзан со преговорите за Нгонд, но се знае дека Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе замине за лекарски прегледи во Наполи.

Иако во последните месеци беше поврзуван со неколку англиски клубови, Вања избра да остане во Италија и да му се приклучи на шампионот.

До сега во италијанската лига настапуваше за Торино, а има искуство и во Асколи и СПАЛ. Беше и на позајмица во Стандард Лиеж и Лехија Гдањск.

Својата кариера ја започна во Војводина, по што премина во младинската академија на Манчестер Јунајтед, но таму не ја доби вистинската шанса..

Сега со Наполи ќе има можност да се бори за титулата во Серија А и ќе настапува во Лигата на шампионите, што ова го прави трансфер од огромно значење за неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …