Дома Фудбал Италија Официјално: Мота доби отказ, Тудор нов тренер на Јувентус

Официјално: Мота доби отказ, Тудор нов тренер на Јувентус

Хрватот Игор Тудор ќе го води Јувентус до крајот на сезонава, а Тиаго Мота денес доби отказ, соопшти италијанскиот клуб.

Хрватскиот тренер денеска пристигна во Торино, и потпиша договор до крајот на сезоната, ако обезбеди место во ЛШ, автоматски важноста ќе продолжи до летото 2026 година.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Тудор на клупата на Старата дама седнува на местото на Тиаго Мота со кого разделбата беше неизбежна после серијата разочарувања и порази. Јуве неочекувано рано испадна од Лигата на шампионите и Купот на Италија, и сега целта им е пласман меѓу четирите најдобри во Серија А.

Тудор се согласи на краткорочен договор и ќе го води Јувентус до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Громогласен аплауз во 59-та минута за жртвите во Кочани (видео)

Во текот на вечерниот натпревар против Велс, во 59. минута, стадионот оддаде почит на жртв…