Дома Фудбал Италија Официјално: Мота доби отказ, Тудор нов тренер на Јувентус

Официјално: Мота доби отказ, Тудор нов тренер на Јувентус

Хрватот Игор Тудор ќе го води Јувентус до крајот на сезонава, а Тиаго Мота денес доби отказ, соопшти италијанскиот клуб.

Хрватскиот тренер денеска пристигна во Торино, и потпиша договор до крајот на сезоната, ако обезбеди место во ЛШ, автоматски важноста ќе продолжи до летото 2026 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тудор на клупата на Старата дама седнува на местото на Тиаго Мота со кого разделбата беше неизбежна после серијата разочарувања и порази. Јуве неочекувано рано испадна од Лигата на шампионите и Купот на Италија, и сега целта им е пласман меѓу четирите најдобри во Серија А.

Тудор се согласи на краткорочен договор и ќе го води Јувентус до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По разочарувачкото „Ел Класико“, Јамал го критикуваат и соиграчите: Пред да каже нешто, треба да размисли!

Реал Мадрид остана на врвот на шпанската Ла Лига откако забележа заслужена победа од 2:1 п…