Дома Фудбал Готово е: Милан се засилува со фудбалер кој има македонско потекло (Фото)

Готово е: Милан се засилува со фудбалер кој има македонско потекло (Фото)

Фудбалскиот клуб Милан конечно го финализираше трансферот на талентираниот дефанзивен играч за врска Ардон Јашари, фудбалер со македонско потекло роден во Швајцарија, кој блескаше во дресот на белгискиот Бриж.

По неколкунеделни интензивни преговори, италијанскиот гигант успеа да постигне договор со белгискиот клуб, при што според последните информации, трансферот ќе изнесува околу 39 милиони евра. Со ова, Милан добива млад и перспективен фудбалер кој привлекол внимание и од неколку клубови од англиската Премиер лига и германската Бундеслига, но сепак, желбата на Јашари да го носи дресот на „росонерите“ била клучна за исходот на преговорите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јашари имаше извонредна сезона во Бриж, каде што се наметна како незаменлив дел од средниот ред, со што го привлече вниманието на скаутите од најголемите европски клубови.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…