
Иако не беше во фокусот како потенцијално засилување, сепак ќе го облече дресот на Арсенал. По потпишувањето со Мартин Зубименди, и веројатно Кепа Аризабалага, се заокружи уште еден трансфер.
Капитенот на Брентфорд, Данецот Норгард, се преселува во северен Лондон за сума од 15 милиони фунти со бонуси. Овој фудбалер поради семејни причини пролетва ја одби Бенфика со желба да остане во Лондон. Се работи за искусен фудбалер кој веќе шест години игра во Премиер лигата, а по краткиот период во Фјорентина, се пронајде во Брентфорд, каде што минатата сезона потпиша нов договор. Одбранбено е силен, цврст и ќе донесе лидерски способности во тимот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сите овие случувања се одвиваат додека траат комплексни преговори со Томас Парти околу неговотото останување на „Емирати“. Ќе видиме дали ова е знак дека Африканецот заминува.
„Пчелите“ од Брентфорд така, по тренерот Франк, останаа и без капитенот. Не е тајна дека Франк го сакаше својот сонародник во Тотенхем, соработувал со него и претходно во Брондби, како и во младите селекции на Данска, но Норгард сепак се одлучил за Арсенал.
Најголемото засилување, напаѓачот, сè уште се чека, за прв избор е Шешко, резервна опција е Ѓокереш, а Артета покрај напаѓачот сака и уште еден надворешен играч во нападот. Се спомнуваа тешки мети како Родриго, Нико Вилијамс, Ентони Гордон, Лукман од Аталанта, Баркола, но тешко е да се поверува во тоа. Можеби ќе пристигне Семењо од Борнмут, или некој млад играч кого како Мартинели ќе го развиваат во наредните сезони…
Фото: Arsenal