Дома Фудбал Готово: Алонсо донел одлука за Модриќ!

Готово: Алонсо донел одлука за Модриќ!

Изгледа дека иднината на најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид конечно е решена.

Карло Анчелоти си заминува, а Лука Модриќ наскоро полни 40 години. Тие се двете главни причини поради кои многумина веруваа дека хрватскиот репрезентативец ќе замине од Сантијаго Бернабеу на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, според информациите на шпанската Марка, новиот тренер на „Бланкос“, Чаби Алонсо, инсистира Модриќ да остане во шпанската престолнина барем уште една сезона.

Тренерот кој сè уште раководи со Баер Леверкузен смета дека искуството и присуството на Модриќ во тимот се клучни фактори кои ќе помогнат да се врати успехот на „кралскиот клуб“.

И покрај тоа што договорот на поранешниот играч на Тотенхем завршува во јуни, нема сомнеж дека двете страни ќе се договорат лесно ако постои взаемна желба за продолжување на соработката.

Реал оваа сезона остана без трофеи. Мадридскиот тим заврши на второто место во шампионатот, а во четвртфиналето на Лигата на шампионите беше елиминиран од лондонски Арсенал. Во Купот на кралот беа поразени од Барселона во последниот натпревар пред трофејот.

Во оваа сезона, Модриќ настапи на 55 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и девет асистенции.

Фото: Real Madrid C.F
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…